Могерини најави дека ќе свика средба на лидерите на Србија и Косово пред сесијата на Генералното собрание на ОН

Могерини најави дека ќе свика средба на лидерите на Србија и Косово пред сесијата на Генералното собрание на ОН

Брисел, 7 септември 2018 (МИА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини денеска изјави дека ќе предложи нова средба на високо ниво во рамки на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово пред седницата на Генералното собрание на ОН.

Изјавата на Могерини доаѓа по денешните одделни средби во Брисел со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

- Ќе свикам средба на високо ниво во Брисел во рамки на дијалогот пред седницата на Генералното собрание на ОН, за да ги обединам двете страни заради продолжување на работата на содржината на договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, рече Могерини.

Таа истакна дека верува во постигнување договор помеѓу двете страни во наредните месеци.

Денеска во Брисел требаше да се одржи уште еден круг преговори на високо рамниште меѓу Белград и Приштина. Српскиот претседател Вучиќ си замина од Брисел по средбата со Могерини, без да разговара со косовските претставници. ссм/14:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ