• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Турција и Холандија назначија амбасадори во Хаг и во Анкара

Турција и Холандија назначија амбасадори во Хаг и во Анкара

Анкара, 7 септември 2018 (МИА) - Турција и Холандија назначија амбасадори во Хаг и Анкара во рамки на нормализацијата на односите меѓу двете земји, се наведува во денешно соопштение на турското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

Во соопштението се истакнува дека „планираната за првата недела на октомври посета на министерот за надворешни работи на Холандија ќе биде следниот чекор во врска со нормализирањето на односите".

„Го поздравуваме ваквиот развој на настаните и се надеваме дека во иднина тоа ќе се одрази позитивно на нашиот процес на пристапување кон ЕУ и на нашите односи со Холандија, со која не поврзуваат долгогодишни односи во текот на повеќе од 400 години", се вели во текстот.

Односите меѓу Холандија и Турција се влошија, откако во март 2017 година холандските власти одбија да издадат дозвола за да слета во Холандија авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој сакаше да зборува на митинг пред турски гласачи во Ротердам, пред референдумот во Турција за уставни промени.

Подоцна,  холандските власти ја протера турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја, која пристигна со автомобил во земјата за да се сретне со гласачи во Турскиот конзулат во Ротердам. По протерувањето на турската министерка, во Ротердам избувнаа судири. Полицијата ги растера демонстрантите со кучиња, коњи и водени топови.

Потоа Турција побара извинување од холандскиот премиер Марк Руте за односот кон турската министерка и одби да дозволи да се врати холандскиот амбасадор во Анкара, кој во тоа време беше надвор од земјата. ссм/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ