Од денеска официјално почна изборната кампања во Босна и Херцеговина

Од денеска официјално почна изборната кампања во Босна и Херцеговина

Сараево, 7 септември 2018 (МИА) - Во Босна и Херцеговина денеска официјално почна кампањата за општите избори закажани за 7 октомври, пренесува Танјуг.

Централната изборна комисија предупреди дека има право да наметнува парични казни до 10.000 конвертибилни марки (5000 евра) и да отстранува кандидати од листите, ако се утврди прекршување на законот или се користи реторика со која се поттикнува насилство или омраза.

Комисијата ги повика политичките партии, кандидатите и нивните приврзаници да се воздржат од изјави со кои се зголемуваат тензиите и да водат фер и коректна предизборна кампања, а медиумите - да придонесат за демократскиот карактер на кампањата.

На 7 октомври, граѓаните на Босна и Херцеговина ќе избираат членови на колективното претседателство, пратеници во Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина, претседател и потпретседатели на Република Српска, парламент на Република Српска, Претставнички дом на Муслиманско-хрватската федерација и парламенти на десетте кантони на федерацијата.

Вкупно се регистрирани 7.497 кандидати за 518 мандати. На кандидатските листи има 58 партии, 36 коалиции и 34 независни кандидати.

Право на глас во Босна и Херцеговина имаат 3.352,933 жители. За босанските државјани во странство ќе бидат отворени избирачки места во амбасадите во Камбера, Виена, Берлин, Осло и Белград и во конзулатите во Чикаго, Минхен, Штутгарт, Франкфурт и Грац.

Според одредени проценки, изборите ќе ја чинат државата околу 8,5 милиони конвертибилни марки. Првпат оваа година ќе се користат проѕирни избирачки кутии. ссм/18:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...