• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Вучиќ: Утре ќе го посетам Косово, дијалогот со Приштина ќе продолжи

Вучиќ: Утре ќе го посетам Косово, дијалогот со Приштина ќе продолжи

Белград, 7 септември 2018 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се обрати до јавноста по неуспехот на преговорите со Косово во Брисел и најави дека утре сепак ќе го посети Косово, и покрај големите опструкции и притисоци од страна на Приштина.

Тој исто така најави дека ќе продолжи дијалогот во Брисел, кој денес беше прекинат.

Во своето обраќање Вучиќ ги наведе сите опструкции и притисоци во последните денови кои доаѓаа од Приштина, а меѓу нив ги спомена притисоците врз партијата Српска листа во Приштина за изгласувањето на Фатмир Љимај за член на косовскиот преговарачкиот тим во дијалогот со Србија, за кој Вучиќ кажа дека постојат сериозни обвинувања за воени злосторства.

Тој како притисоци ги окаректеризира и вчерашното спречување на директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ да го посети Косово, обидот да се спречи неговата посета на езерото Газиводе, како и заканите за апсења и медумската кампања против него.

Како што кажа српскиот претседател поради тоа што неговата цел е мир и за решавање на српско - албанскиот судир и на косовскиот проблем, бриселскиот дијалог ќе продолжи, но поради обврските тој нема да се одржи во септември, како што најавија од Европската унија, туку наредниот месец.

- Запирањето на овој процес би бил катастрофален и за Србите и за Албанците, изјави Вучиќ

Тој најави дека за викендов ќе го посети и Газиводе, Звечан и Косовска Митровица каде ќе одржи, како што наведе „значаен говор“.

Денеска имаше зголемени тензии меѓу Белград и Приштина, поради кои дијалогот во Брисел беше прекинат, а беше доведена во прашање и најавената посета на Вучиќ на Косово. об/цч/21:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.