• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Приштински медиуми: Под притисок на САД одобрен планот за посета на Вучиќ

Приштински медиуми: Под притисок на САД одобрен планот за посета на Вучиќ

Приштина, 8 септември 2018 (МИА) – Под притисок на САД, приштинската влада одлучила сепак да му овозможи на српскиот претседател Александар Вучиќ и посета на браната Газивода.

Според приштински медиуми до промена на ставот дошло по предлог на САД до приштинските институции за да „нема тензии меѓу двете држави“.

Во извештајот на медиумите во Приштина се додава дека планот за посета на претседателот на Србија е одобрен во согласност со барањата и со „Правилата за посета на високи официјални лица предвидени со договор од Брисел“.

Според извори на Коха, претставници на косовските институции во текот на денот ќе бидат во контакт со западни партнери во врска со таа одлука. зш/08:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...