• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Вучиќ: Дојдов на Косово заради мирот и стабилноста

Вучиќ: Дојдов на Косово заради мирот и стабилноста

Зубин Поток, 8 септември (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека дошол на Косово со цел да се зачува мирот, стабилноста и обидите да се подобрат односите меѓу Србите и Албанците за во иднината.

Вучиќ пред браната на езерото Газивода, каде што започна дводневна посета на српските заедници во Косово, рече дека длабочината и тежината на несогласувањето меѓу Србите и Албанците најдобро може да се види на тоа место.

- Браната Газивода е изградена во 1981 година, и е од голема важност за Србите и Албанците.Поголем дел од Метохија добива вода од тука, како и Приштина во текот на летото. Езерото е од големо значење за нас, бидејќи без Газивода нема преживување на луѓето во Ибарски Колашин и Зубин Поток, рече Вучиќ. 

Тој додаде дека Србија инвестирала речиси 128 милиони динари во реконструкцијата на браната Газивода и најави дека до крајот на септември ќе бидат обезбедени уште 12 милиони динари за таа намена.зш/16:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ