Вучиќ: Зошто територијалниот интегритет важеше во 2008 година, а сега не

Вучиќ: Зошто територијалниот интегритет важеше во 2008 година, а сега не

Зубин Поток, 8 септември 2018 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ укажа денеска по повод изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во Скопје дека територијалниот интегритет е појдовна точка за тоа дека Балканот треба да остане каков што е, дека е тешко да се одговори на прашањето - зошто за некои во регионот тоа важело во 2008, а денес не важи.

Тој го изјави тоа при посетата на браната Газивода.

– Знам дека многумина се израдуваа особено во централна Србија, моите политички противници и многу други, кои не разбираат кога се залагаат за такви идеи и против она што го зборувам, да се залагаат за цело Косово, објасни Вучиќ.

Тој додаде дека има само едно прашање до Ангела Меркел, а тоа е -  како тоа важело во 2008 година, а денес не важи.

– Ако таа такво нешто каже, ние тоа сосема сигурно не можеме да го промениме, и ете радост за многумина во Србија и на многу места во регионот, изјави тој.зш/17:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...