• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Протести поради посетата на Вучиќ на Косово, се слушаат истрели

Протести поради посетата на Вучиќ на Косово, се слушаат истрели

Косовска Митровица, 9 септември 2018 (МИА) - Неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бање во општина Србица, а во Трнава се слушнале истрели, објави српската државна телевизија РТС.

Станува збор за рутата по која српскиот претседател Александар Вучиќ требаше денеска да помине. Патот бил блокиран и со неколку камиони. Демонстраните носеле транспаренти против посетата на Вучиќ на Косово.

Општината Србица е целосно населена со Албанци, а во селото Бањица се наоѓаат околу 300 српски куќи.

Директорот на Здравствениот центар во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ изјави дека тој дел е познат по екстремистите и најголемите злосторства кои ги извршиле Албанците.

- Очевидно е дека Албанците се нервозни. Ова не е спонтан, туку организиран протест од страна на нивните соборци и политичкиот врв, со цел да се наруши посетата и да се заплашат Србите, истакна Ивановиќ.

Српскиот претседател, пак, во врска со истрелите изјави дека „работите треба да се решаваат со зборови и ум, а не со оружје“.

- Уште посилно сум определен за зачувување на мирот и српските институции и народот на Косово, додаде Вучиќ во Косовска Митровица.

Тој утринава ја продолжи својата посета на Косово со обиколка на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица. Потоа ќе ја посети локацијата за проектот на населбата Сончева долина, а ќе ги посети и Србите во селото Бање. Попладне ќе им се обрати на косовските Срби на собир во Косовска Митровица, што ќе биде централен настан за време на неговата дводневна посета на Косово. гт/09:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ