• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Вулин: Се што ќе нареди Вучиќ ќе биде спроведено

Вулин: Се што ќе нареди Вучиќ ќе биде спроведено

Белград, 9 септември 2018 (МИА) - Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска Војската на Србија ќе ја почитува одлуката на претседателот и врховен командант и се што тој ќе нареди ќе биде спроведено.

- Претседателот е врховен командант на Војската на Србија и се што ќе рече тој ќе биде спроведено. Може да нареди употреба на војска и тоа ќе биде спроведено. Он е тој што ќе одлучи за тоа. Ако треба да се заштити неговата безбедност или да помине до место каде што сака, тоа ќе биде обезбедено, нагласи Вулин.

Прашан како ќе реагира Србија доколку биде нападнат претседателот, Вулин додаде да не го прашуваат за тоа.

- Немојте да ме прашувате, ве молам. Знаете што би одговорил за тоа. Нема да го кажам, но знаете како би реагирале, изјави Вулин за телевизијата Пинк и веднаш потоа го напуштил студиото. гт/10:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ