• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Вучиќ до жителите на Бање: Не смеев да ги ризикувам вашите животи

Вучиќ до жителите на Бање: Не смеев да ги ризикувам вашите животи

Приштина, 9 септември 2018 (МИА) – Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по неуспешниот обид да стигне до селото Бање, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на тој регион поради протести и блокади, им се обрати на жителите на тоа село по телефон од Митровица, каде што го одржа завршниот митинг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вучиќ им порача на околу 300 Срби од Бање, собрани во центарот на селото, каде што требаше да се одржи собир по неговото пристигнување, дека решил да не замине таму затоа што не сакал да ги загрози нивните животи.

- Ве молам останете мирни, вашата држава ќе застане зад вас. Ќе се трудиме вашиот живот во иднина да биде светол живот. Не можев да дојдам затоа што не сакав да ги загрозувам вашите животи, им порача Вучиќ на жителите на Бање.

Овие зборови на српскиот претседател, како што јавија медиумите, предизвикале солзи кај многумина од насобраните во центарот на селото. иа/гт/13:33

###

Српските медиуми објавија дека на местата каде што се одржуваат протестите имало вооружени лица и пукотници, но медиумите на албански јазик ги демантираа таквите информации. Портпаролот на КФОР Винченцо Грасо исто така рече дека на Вучиќ никој не му се заканил и дека неговата безбедност е загарантирана.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...