• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Косовската полиција се повлекува од селото Бање

Косовската полиција се повлекува од селото Бање

Приштина, 9 септември 2018 (МИА) – Бројни единици на косовската полиција се забележани попладнево како се повлекуваат од селото Бање близу Скендерај (Србица), кое денеска требаше да го посети српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Против посетата на Вучиќ на ова село, каде што живеат околу 300 Срби, организациите на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од регионот на Дреница одржаа протести со блокади на сите патишта, поставувајќи дрва, камиони и багери и со палење автомобилски гуми.

Следеше и одлука на Владата во Приштина за повлекување на дозволата на Вучиќ за посета на регионот.

И покрај тоа, српскиот претседател се обиде да стигне до селото по споредни патишта, меѓутоа беше спречен од полицијата, по што се врати во Северна Митровица, од каде на жителите на Бање им се обрати по телефон.

Во центарот на поделениот косoвски град, Вучиќ одржа 45-минутен говор во кој порача дека ќе продолжи со напорите за нормализирање на односите и мирно решавање на споровите со Приштина, но нагласи дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово. иа/гт/14:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ