• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Весели: Вучиќ покажа дека е ист како Милошевиќ

Весели: Вучиќ покажа дека е ист како Милошевиќ

Приштина, 9 септември 2018 (МИА) – Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели вели дека претседателот на Србија Александар Вучиќ, со неговата посета на Косово, потврди дека српските лидери продолжуваат по стапките на Слободан Милошевиќ и дека во Косово не дошол за да ги штити локалните Срби, туку за да се промовира себе си, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели во коментар по повод дводневната посета на Вучиќ на Косово тврди дека дозволата на Вучиќ да го посети езерото Газивода му е дадена на инсистирање на меѓународните партнери на Приштина, но дека српскиот претседател и таа дозвола ја злоупотребил.

- Мирот и добрососедството биле и ќе останат основни цели на косовската држава. Косово верува дека патот на дијалогот и соработката е единствената можна алтернатива за надминување на недоразбирањата од минатото и за чекорење напред по евро-атлантскиот пат. Во духот на овие принципи ние одлучивме да ја дозволиме посетата на претседателот на Србија, напиша Весели на Фејсбук.

Парламентарниот спикер и лидер на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) вели дека од самиот почеток бил против да му се дозволи на Вучиќ да го посети езерото Газивода, бидејќи таа посета „не придонесува за мирот и дијалогот во регионот“, но дека, на инсистирање на меѓународните партнери, дозволата е дадена.

- Сметам дека однесувањето на браната во Газивода претставуваше јасна демонстрација на логиката на политичка хегемонија, но исто така е и против сите правила на безбедноста, бидејќи нема никаква демократска пракса која гарантира безбедносни мерки за одржување на прес-конференција на една брана, напиша Весели.

Сепак, вели Весели, „сметам дека е добро што се случи, бидејќи со ова уште еднаш се потврди дека српските лидери ја продолжуваат традицијата на Слободан Милошевиќ“.

- (Тоа е потврда дека) тие не доаѓаат за да им помогнат и да ги заштитат косовските Срби, туку доаѓаат за да се промовират. Како и секогаш, со старата реторика против мирна иднина, напиша Весели.

Според Весели, настојувањата на Србија да го блокира напредувањето на Косово јасно упатуваат на тоа дека се потребни дополнителни напори за јакнење на државата.

- Ние сме сега во една мошне значајна фаза на дијалогот со Србија. Настаните што се случија во изминатите два дена се поврзани со финалната фаза на дијалогот и треба да не обединат сите за да бидеме поподготвени за предизвиците кои не чекаат, порача претседателот на косовското Собрание.

Според Весели, граѓаните на Косово уште еднаш потврдија дека немаат ништо против Србите, но дека „биле и се против провокативното однесување од било кого“.

- Сакам да им се заблагодарам ним за однесувањето кое го покажаа, а исто така и на Полицијата на Косово и на КФОР за справувањето со ситуацијата, согласно нивните надлежности и важечките закони. Ние сакаме косовската држава да чекори напред, како независна држава, со неоштетен територијален интегритет и што поскоро да стане рамноправна членка на ООН, ЕУ и НАТО. Оваа визија треба да не обедини, затоа и денеска повикувам да се обединиме и да седнеме и да работиме заедно, порача Весели. иа/гт/19:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...