• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Каменуван косовски автобус во Србија, Пацоли и порача на српската полиција да се угледа на косовската

Каменуван косовски автобус во Србија, Пацоли и порача на српската полиција да се угледа на косовската

Приштина, 10 септември 2018 (МИА) - Автобус кој сообраќал од Германија за Косово е каменуван синоќа додека минувал низ Србија, јавија медиумите во Приштина, повикувајќи се на информации добиени од патниците на автобусот.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на автобусот, кој сообраќа на релацијата Келн-Приштина и кој превезувал главно Косовци кои живеат во Германија, му е скршено предното стакло, но нема повредени патници.

Приштинските медиуми објавија и фотографии испратени од патниците во автобусот.

По објавувањето на информацијата за каменувањето на автобусот, реагираше шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, кој побара од надлежните органи во Србија да им обезбедат заштита на луѓето кои се на пропатување низ државата.

Пацоли им порача на српските безбедносни институции „да се угледаат на професионалноста, посветеноста и одговорното однесување на полицијата на Република Косово кон сите државјани и граѓани во Косово“.

- Нападот, со цврсти предмети, кој за среќа помина без повредени лица, што денеска се случи врз автобусот на една косовска компанија, додека транзитно поминуваше низ територијата на соседната држава Србија, е неприфатлив и треба итно да биде осуден од ЕУ, меѓународната заедница и самите институции на редот и законот во Србија, напиша Пацоли на Фејсбук. иа/сп/07:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...