Турските власти уапсија 60 лица за наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти уапсија 60 лица за наводна поврзаност со Ѓулен

Истанбул, 10 септември 2018 (МИА) - Турските власти уапсиле 51 војник и други девет лица осомничени за поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот обид за преврат во 2016 година во кој беа убиени 250 лица.

Уапсените се дел од 89 лица за кои се издадени налози за апсење во рамките на истрага што ја спроведуваат истанбулски обвинители која опфаќа девет окрузи во земјата.

Турските власти од 2016 година, повеќе пати спроведуваа слични акции против осомничени поддржувачи на Ѓулен. Тој негира дека имал некаква улога во обидот за преврат.

Во исто време, обвинители во Анкара издадоа налози за апсење на 13 високи офицери со чин мајор, од кои тројца се активни, инфомира весникот „Хуриет“. јт/12:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...