• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Европските инспектори се враќаат во Грција заради нова мисија

Европските инспектори се враќаат во Грција заради нова мисија

Атина, 10 септември 2018 (МИА) - Претставници на европските институции се повторно во Грција за да го проверат текот на економските реформи во земјата, три недели откако заврши третата меѓународна спасувачка програма за земјата, пренесува БТА.

Петдневната инспекција, која започна денеска, се очекува да се фокусира на ветувањата на Владата, дадени за време на викендот, да воведе даночни олеснувања, како и плановите за укинување на намалувањето на пензиите, што треба да стапи во сила од 1 јануари.

Крајот на спасувачката програма значи дека Грција треба да се врати на меѓународните пазари на капитал. ссм/13:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ