Нови антивладини протести во Романија

Нови антивладини протести во Романија

Букурешт, 11 септември 2018 (МИА) - Неколку стотици Романци синоќа протестираа во главниот град Букурешт, одбележувајќи еден месец од антивладините демонстрации што беа разбиени со полициска интервенција, при која беа повредени 450 демонстранти.

Помали собири се организираа и во други градови низ Романија.

Демонстрантите ја обвинуваат Владата предводена од Социјалдемократската партија за корупција и бараат нејзина оставка.

Извор на незадоволство особено предизвикаа предложените судски реформи со кои ќе се ублажат казните за злоупотреба на службената должност, со што повеќе истакнати политичари ќе бидат заштитени од кривично гонење. цч/сп/08:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.