• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Тачи нема да ја посети Прешевската Долина

Тачи нема да ја посети Прешевската Долина

Приштина, 11 септември 2018 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека не поднел барање до српските власти за дозвола за посета на Прешевската Долина, затоа што, како што рече, го знае одговорот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи по вчерашната средба со политичките претставници на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа изјави дека тие го поканиле да го посети регионот во јужна Србија, но дека тој не може да го стори тоа.

- Знаете дека во Србија сум осуден во отсуство. Околностите се такви што Белград смета дека оваа посета не е оправдана и не е корисна. Јас сакам да ги посетам, сакам да ги видам, да отидам во нивните домови, да поразговарам со нив. Знам дека имаат проблеми и грижи, тоа е најдискриминираната заедница во Европа, изјави Тачи.

Напоменувајќи дека има и други раководители на институции кои се осудени и се гонат од српските власти заради учество во војната, Тачи ги повика сите оние кои можат, како пратеници и разни лидери, да ги посетуваат почесто Албанците од Прешевската Долина. иа/сп/11:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.