• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Дачиќ: Би било политичко самоубиство да ги расипаме односите со Русија

Дачиќ: Би било политичко самоубиство да ги расипаме односите со Русија

 

Белград, 11 септември 2018 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека фактот што Србија гради добри односи со САД не значи и дека ќе ги расипе односите со Русија, меѓу другото и поради тоа што Москва има силна позиција во ОН и го спречува влезот на Косово во Светската организација со ставањето вето во Советот за безбедност.

Тој истакна дека српската политика е заснована на сопствените интереси и дека Србија треба да има добри односи со сите светски сили со кои тоа е можно.

- Нашиот интерес е да имаме што подобри односи со САД. Меѓутоа политиката понекогаш се одвива во бранови, а ние не дозволуваме брановите да не однесат на другата страна. Ако градиме добри односи со САД, тоа не значи дека ќе ги расипаме односите со Русија. Да ги расипаме односите со Русија би било политичко самоубиство, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ се осврна и на говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косовска Митровица, во делот во кој тој говореше за поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

- Несоодветно е да се споредат говорите на претседателот Александар Вучиќ во Косовска Митровица со поранешниот претседател Слободан Милошевиќ на Газиместан, бидејќи сосема е поинаков историскиот контекст во кој се одржуваа овие говори, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Милошевиќ бил првиот кој ги посочил проблемите на Србите во Косово, бидејќи прв ја поддржал САНУ, за разлика од другите официјални лица кои ја критикуваа САНУ поради српскиот национализам.

- Состојбата беше поинаква, се уште постоеше Југославија, социјализмот, Студената војна, Србија само што го смени Уставот, тоа беше поинакво време, но Милошевиќ ниту тогаш не кажа дека Србија ќе води некоја војна. Тој ги спомена битките, но не и вооружените додавајќи дека ни тие не се исклучени. Можеме ли ние денес да кажеме дека сите овие битки се исклучени, рече Дачиќ. об/сп/12:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...