• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ЕБРД очекува зголемување на инвестициите во Македонија и во Грција

ЕБРД очекува зголемување на инвестициите во Македонија и во Грција

Љубљана, 11 септември 2018 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) очекува значително зголемување на своите инвестиции во Македонија и во Грција, по договорот за надминување на спорот за името, изјави потпретседателот на оваа финансиска институција Пјер Хајлброн. 

- Надминувањето на спорот ќе „отклучи“ многу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции, изјави Хајлброн во рамките на регионалниот политички и бизнис-форум во Блед.

Според него, како што јави АНА-МПА, надминувањето на спорот ќе го засили интересот и на други инвеститори за вложување во двете земји.

Хајлброн најави дека ЕБРД е заинтересирана за инвестирање во трансгранични проекти меѓу Македонија и Грција, пред сѐ во сферата на енергетиката и транспортот.  

Во текот на 2017 година ЕБРД инвестираше 630 милиони евра во Грција и 50 милиони евра во Македонија.

ЕБРД планира во следините три години да инвестира по 900 милиони евра годишно во проекти во земјите од Западен Балкан, првенствено во инфраструктурата. сп/13:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...