Застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија

Застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија

Тирана,11 септември 2018 (МИА) – Официјалната статистика соопштена од надлежните институции потврдува застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија.

- Државниот институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во период од три години, 2015/2017 година, се регистрирани 659 самоубиства. За изминатиот период од оваа  календарска година сѐ уште нема официјална бројка иако, според полицијата и заравствените установи, тој број и понатаму загрижува, наведува тиранската телевизија Визион плус.

Според истиот извор, за неполни 24 часа се регистрирани три самоубиства. 

Психолозите сметаат дека главните причини што доведуваат до самоубиство се психичко растројство, депресија, стрес, како и користење алкохол и различни видови дрога.

Стручните лица додаваат дека загрижувачка појава, која е во пораст, се обидите за самоубиство кај адолесцентите, поради влијанието врз нив  што го имаат  и филмовите. вт/зш/14:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ