За една недела во Србија починаа четири лица од западнонилска треска

За една недела во Србија починаа четири лица од западнонилска треска

Белград, 11 септември 2018 (МИА) - Во Србија во изминатите седум дена уште четири лица починаа од треската на Западен Нил, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут".

Годинава од треската на Западен Нил во Србија заболеа 286 луѓе, а починаа 29 лица.

Најголемиот број заболени се регистрирани во Белград - 141 лице.

Вирусот на Западен Нил се пренесува преку заразени комарци. Тоа е сезонска болест, која се јавува при најголемата активност на комарецот.

Во Србија обично првите заболени се регистрираат веќе во јули, а најголем број пациенти се пријавуваат во август.

Во земјите на ЕУ досега се пријавени 798 случаи на треска на Западниот Нил, а повеќето случаи се во Италија - 327, Грција - 168, Унгарија - 134 лица.

Во ЕУ досега се починати 44 лица, и тоа во Грција 18, во Италија 13, Романија 12.
Треската на Западниот Нил првпат е регистрирана во Србија во 2012 година. Оттогаш до 2017 година се пријавени 574 случаи на треска од Западен Нил, а 61 лице починале. об/16:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...