Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Белград, 11 септември 2018 (МИА) - Методологијата на Светската здравствена организација (СЗО) за цените на цигарите ширум светот покажа дека брендовите кои ги пушат Македонци се најевтини во регионот.

Податоците се објавени од страна на NНУМБЕА, центар кој ги споредува трошоците за живот во сите земји.

Според тие извори, Македонците најмалку плаќаат за кутија цигари  - 1,95 евра, додека најскапи се во Хрватска (3,50 евра). Во Србија и Босна и Херцеговина, цената изнесува од 2,40 до 2,60 евра. Во Албанија чини 2.37 евра, а во Бугарија 2.81 евро.

Најскапи во Европа се цигарите во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, со цени во опсег од 10,32 до 11,54 евра, пренесува Б92.

Најскапи цигари во светот пушат Австралијците, каде една кутија чини повеќе од 17 евра. ссм/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ