Скат: Договор за Косово сѐ уште е можен

Скат: Договор за Косово сѐ уште е можен

Белград, 11 септември 2018 (МИА)  - Договор за Косово сѐ уште е можен, оцени американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скат, и истакна дека за негова имплементација би била важна поддршката од САД, Германија и од Русија.

- Мислам дека сѐ уште е можен договор за Косово и се надевам дека лидерите во регионот ќе продолжат понатаму, бидејќи имаме можност да изградиме регион заснован на мир, стабилност и просперитет, рече Скат.

Тој додаде дека Белград и Приштина треба да дојдат до договор за Косово и дека само таков договор ќе биде траен. Скат прецизира дека поддршката од САД, Русија и од Германија би била важна за имплементација за таков договор.

Американскиот амбасадор додаде дека Русија и понатаму е дестабилизирачки фактор на Балканот  и оти постои несогласување меѓу САД и Русија за многу прашања, но двете држави се подготвени за соработка кога интересите им се совпаѓаат.

- Кога станува збор за стабилноста во овој регион, мислам дека нашите интереси се совпаѓаат, нагласи Скат. ссм/зш/16:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ