• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

По Харадинај, и Тачи го одликува амбасадорот на САД Грег Делави

По Харадинај, и Тачи го одликува амбасадорот на САД Грег Делави

Приштина, 12 септември 2018 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи утрово го одликува амбасадорот на САД Грег Делави со Орденот на 10-годишнината на Независноста на Косово. Орденот на Делави му се доделува на крајот на неговата дипломатска служба во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Орденот на Десетгодишнината на Независноста денеска му го доделив на еден посебен пријател на Косово. Американскиот амбасадор Грег Делави ја завршува дипломатската служба во Косово. Незапирливо, во овие три години, тој се преокупира и помогна во секој процес низ кој помина нашата земја. Благодариме за службата, за критиките и за постојаните совети амбасадоре Делави. Косово ја цени високо Вашата поддршка, напиша Тачи на Фејсбук

Претходно, пред петнаесетина дена, американскиот амбасадор беше одликуван и од премиерот Рамуш Харадинај, кој му го додели орденот „Златна карта на Косово“, за неговиот досегашен придонес за Косово.

На Делави наскоро му завршува мандатот во Косово, а американскиот претседател веќе го номинира Филип Коснет за негов наследник. иа/цч/10:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...