Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот

Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот

Стразбур, 12 септември 2018 (МИА) - Во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот.

- Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави Јункер во својот говор.

Јункер истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека сѐ уште „останува да се прават напори“, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји, како Унгарија, Полска и Романија.

Минатата година првиот човек на ЕК побара да му се пружа „кредибилна перспектива“ на регионот на Западен Балкан.

Жан-Клод Јункер ЕП ЕПА

- Ако сакаме поголема стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањата кон Западниот Балкан, рече Јункер.

Тој тогаш посочи дека е „јасно оти нема да има нови проширувања за време на мандатот на оваа комисија и парламент“, затоа што “ниту еден кандидат не подготвен“.

Денешниот говор на Јункер беше фокусиран на предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но не ги формулираше сите предлози што беа очекувани, како на пример федерализација на пограничната полиција со цел справување со миграциските текови. Тој сепак најави дека ЕК ќе предложи зголемување на оваа служба на 10 илјади полицајци до 2020 година. тм/сп/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...