• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Црна Гора: За три месеци одземени половина тон лажен мед

Црна Гора: За три месеци одземени половина тон лажен мед

Подгорица, 12 септември 2018 (МИА) - Црногорската Управа за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни работи за три месеци одзела над 500 килограми лажен мед од пазарот на таа земја.

Црногорските пчелари се жалат дека не можат во целост да се заштитат од трговците кои на пазарот продаваат лажен мед, со што ги мамат потрошувачите и прават голема штета на државата.

Од Управата наведуваат дека одземениот мед на е штетен по здравјето, туку проблемот е во тоа што потршувачите го купуваат медот како лек, поради специфичните нутритивни својства, а во случаите каде е утврдено дека наместо мед бил ставен шеќерен сируп, тоа не го добиле.

„Согласно Законот за безбедност на храна, пропишани се казни во износ од 500 до 20.000 евра за правно лице и во износ од 150 до 6.000 евра за претприемачи“, наведуваат од црногорската Управа. ссм/15:45

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...