Унгарија против економски санкции кон Русија

Будимпешта, 28 март 2014 (МИА) - Унгарија е против воведувањето на економски санкции кон Русија од страна на ЕУ поради случувањата околку Крим, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за дневниот бизнис весник „Вилагаздашаг“.

- Економските санкции се во трета фаза и би било добро да ги избегнеме, затоа што тие не се во интерес на Европа, а уште помалку на Унгарија, нагласува Орбан.

Рускиот природен гас задоволува околу 80 проценти од потребите на Унгарија, а земјата неодамна потпиша и договор со Москва, вреден 10 милијарди евра, со кој се превидува компанијата „Росатом“ да учествува во модернизацијата и проширувањето на унгарската нуклеарна централа „Пакш“. Покрај ова, Русија е и најголемиот трговски партнер на Унгарија меѓу земјите кои не се членки на ЕУ.

Вчера и германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека кризата околу Крим треба да се реши со политички средства, без воведување економски санкции кон Русија, а слични ставови изнесоа и претставници на повеќето источноевропски членки на ЕУ. сп/10:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...