• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ЕУ бара од земјите членки да преземат итни мерки за почист воздух

ЕУ бара од земјите членки да преземат итни мерки за почист воздух

Брисел, 30 јануари 2018 (МИА) - Европската комисија денеска од земјите членки на Европската унија да подготват итни мерки за обезбедување на чист воздух.

Еврокомесарот за животна средина Кармену Вела изјави дека Брисел бара од државите членки сериозно да пристапат на ова прашање, и дека досега не ги исполниле обврските поставени од Унијата. 

- Обврските на државите повлекуваат и правни последици, изјави Вела, кој додаде дека годишно во ЕУ по 400.000 луѓе умираат од болести на дишните патишта.

По повеќе критериуми, ЕУ бара од 13 до 16 држави членки да преземат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во вкупно 130-ина градови. цч/ми/12:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.