„Коха“: ЕУ не е против распишување избори во Косово

„Коха“: ЕУ не е против распишување избори во Косово

Приштина, 11 април 2018 (МИА)- Канцеларијата на ЕУ во Приштина им испрати порака на политичките лидери, укажувајќи им на потребата од постојани и стабилни институции, и им порача оти не е против одржувањето на вонредни парламентрани избори оваа година, пишува „Коха“ 

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот пишува дека претходно Канцеларијата на ЕУ во Приштина им испратила порака на косовските политички лидери од кои барала да се фокусираат на примената на неколку задачи и порачала дека не се противи на тоа изборите на Косово да се одржат 2018 година. 

Изворите за приштинскиот весник тврдат дека задачите, кои според ЕУ мора да бидат исполнети во првата половина на годината,  вклучуваат и реформска агенда договорена со ЕУ и формирање на Заедница на српските општини. 

Во одговор на весникот, од ЕУ укажуваат на потребата од стабилни институции во Косово.

- ЕУ не треба да се меша во слободната, демократската и политичка дебата во Косово. И покрај тоа, имаме јасно разбирање дека стабилноста и ефикасното управување е во интерес на народот на Косово, наведуваат од Канцеларијата на ЕУ во Приштина за весникот „Коха“. ир/ми/12:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...