ЕУ: Изборите во Венецуела не ги исполнија стандардите

ЕУ: Изборите во Венецуела не ги исполнија стандардите

Брисел, 22 мај 2018 (МИА) – Изборите во Венецуела, на кои Николас Мадуро освои нов шестгодишен претседателски мандат, не ги исполнија меѓународните стандарди, соопшти денеска Европската унија и порача дека го разгледува својот одговор.

- ЕУ и нејзините држави членки ќе разгледаат усвојување адекватни мерки, се наведува во соопштение на Унијата, но не се образложува каков ќе биде одговорот.

Во соопштението се оценува дека претседателските и регионалните избори во Венецуела се спроведени без национален договор за изборниот календар, како и без исполнување на минималните меѓународни стандарди за веродостоен процес. јт/21:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.