• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Зајберт: Берлин има голема доверба во Јункер

Зајберт: Берлин има голема доверба во Јункер

Берлин, 13 јули 2018 (МИА) - Германската Влада има „голема доверба“ во претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави денеска портпаролот на Кабинетот во Берлин, Штефан Зајберт, коментирајќи ги медиумските извештаи за здравствената состојба на првиот човек на извршното тело на ЕУ.

Шпекулациите за влошената здравствена состојба на Јункер се појкавија откако тој пред два движејќи се кон гала вечерата на Самитот на НАТО во Брисел, загуби рамнотежа неколку пати, одеше несигурно и се тетеравеше. При тоа, во одењето му помагаа претседателите на Финска и Украина, Саули Ниинисто и Петро Порошенко, а од време на време го придржуваше и холандскиот премиер Марк Руте. 

Јункер неодамна изјави дека боледува од ишијас што повремени му создава проблеми при одењето, додека португалскиот премиер Антонио Коста рече дека претседателот на Еврокомисијата се жали на болки во грбот.

Кабинетот на Јункер официјално не сакаше да ги коментира овие настани и изјави за неговата болест, повикувајќи се на правото на приватност. сп/15:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.