• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Британските власти планираат да им ги забранат енергетските пијалаци на деца

Британските власти планираат да им ги забранат енергетските пијалаци на деца

Лондон, 30 август 2018 (МИА) - Британската влада има намера да ја забрани продажбата на енергетски напитоци на деца и тинејџери во Англија и најави јавна дебата по тоа прашање.

Властите предлагаат да бидат забранети пијалаците што содржат над 150 милиграми кофеин на еден литар, како на пример - „редбул", „монстер" и „рилентлес". Се смета дека тие кај децата причинуваат главоболки, болки во стомакот, несоница и хиперактивност.

Јавната дебата ќе биде околу тоа дали забраната да се примени на лица под 16 или под 18 години.

Забраната би се однесувала само за Англија, бидејќи преостанатите земји во Обединетото Кралство самостојно одлучуваат дали ќе воведат таква забрана. си/паг/11:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ