• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Руски „Форбс“: Владимир Путин, Герман Греф и Алексеј Милер се највлијателните луѓе во Русија

Руски „Форбс“: Владимир Путин, Герман Греф и Алексеј Милер се највлијателните луѓе во Русија

Москва, 30 август 2018 (МИА) - Претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на „Сбербанк“ Герман Греф и Алексеј Милер – шефот на „Газпром“, се на првите места во рејтингот на највлијателните луѓе во земјата, објавен денеска во руското издание на „Форбс“.

На најновата листа се 100-те највлијателни високи функционери, бизнисмени, врвни менаџери и енергетски шефови, прецизира весникот.

Во првата петорка највлијателни жители на Русија влегуваат и шефот на државната нафтена компанија „Роснефт“ Игор Сечин и рускиот премиер Дмитриј Медведев.

На седмото место е директорката на централната банка Елвира Набиулина, на 13-то е градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, а на последното место е лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски.

Експертите на "Форбс" ги оценувале рангираните според бројот на подредени, по големина на добивка, ативите, буџетот со кој располагаат или личното богатство, според „можноста директно да влијаат на животот на луѓето“, „да влијаат врз индустријата“ и „според степен на блискост до претседателот Владимир Путин или до владејачката партија - Обединета Русија“. јт/12:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ