• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Макрон: На ЕУ и се потребни стратешки односи со Турција и Русија

Макрон: На ЕУ и се потребни стратешки односи со Турција и Русија

Хелсинки, 30 август 2018 (МИА) - На Европската унија и се потребни стратешки односи, меѓу останатото во сферата на одбраната, со најблиските соседи за да се овозможи поголема стабилност, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. 

Тој оцени и дека ЕУ би требало да ги модернизира своите односи со Русија во периодот после Студената војна. 

- Во наш интерес е ЕУ да има стратешки односи со Турција, како и со Русија. Односи кои носат стабилност, кои ќе бидат долгорочни и ќе донесат сила и поврзаност, истакна Макрон на прес-конференција во Хелсинки, каде имаше средба со финскиот колега. ссм/12:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ