Захарова: НАТО вежбите на северот на Европа се антируски

Захарова: НАТО вежбите на северот на Европа се антируски

Москва, 30 август 2018 (МИА) - Претстојните вежби на НАТО на северот на Европа во близина на руската граница се јасно антируски, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

- Бројот на вежбите од широки размери, кои се изведуваат долж нашата граница расте. Така што, во октомври и ноември воените вежби на здружените НАТО сили, кои ќе бидат најголеми во последните 16 години, треба да бидат одржани на норвешка територија, во Балтичкото Море и северниот дел на Атланскиот Океан, изјави Захарова.

Таа додаде дека во тек на тие вежби е „планирана обука во вештини за изведување дефанзивни, а што е од клучна важност, и офанзивни операции.

- Оваа демонстрација на сила треба да биде одржана во директна близина на руските гранци и јасно е антируска. Европскиот север, кој некогаш беше мирен во воен поглед, како и Балтичкиот регион се претвораат во полигон за симулација на масовни борбени операции, порача Захарова.

НАТО од друга страна, вчера соопшти дека големата воена вежба на Русија и Кина наредниот месец покажува дека Москва и натаму е фокусирана на судир од големи размери. ир/зш/15:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.