Панасоник ќе го премести европското седиште од Лондон во Амстердам поради Брегзит

Панасоник ќе го премести европското седиште од Лондон во Амстердам поради Брегзит

Лондон, 30 август 2018 (МИА) - Јапонската компанија Панасоник (Panasonic) соопшти дека ќе го премести своето европско седиште од Велика Британија во Амстердам поради претстојниот Брегзит.

Директорот на Панасоник Јуроп, Лорен Абади рече дека целта на преселувањето, кое ќе биде во октомри, е да се избегнат можните спорни прашања околу данокот кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Во пресрет на излегувањето на Британија од ЕУ во март следната година, поголем број мултинационални компании соопштија дека ќе ги преместат своите европски седишта од таа земја. паг/13:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...