Австрија предлага во контрола на границата да учествува и европската војска

Австрија предлага во контрола на границата да  учествува и европската војска

Виена, 30 август 2018 (МИА) – Австрија денеска предложи користење на вооружените сили на Европската унија за да се помогне на пограничната полиција на Унијата во запирање на илегалните мигранти.

Австриската владејачка коалиција сака посилна контрола на европските копнени и морски граници.

Министерот за одбрана Марио Кунасек на затворен состанок со други европски министри го изнел својот план што се темели на австриското искуство на испраќање војска на граница.

– Мора ефикасно да се штитат нашите граници, изјави Кунасек по состанокот и додаде дека за тој предлог имале „позитивна расправа“.

Кунасек го изнел својот предлог за ставање на располагање на европската погранична агенција Фронтекс по австриските вежби во јуни кога бил симулирано доаѓање на стотици мигранти, а биле користени војници и воени хеликоптери. ир/зш/15:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...