Истражување: Времето поминато во пат до работа да се брои во работниот ден

Истражување: Времето поминато во пат до работа да се брои во работниот ден

Лондон, 31 август 2018 (МИА) - Истражувачи од Универзитетот на западна Англија предлагаат времето што се минува на пат до работното место да влегува во работното време.

Универзитетот извршил истражување во часовите кои секој ден се губат во патување до работното место. Околу 5.000 граѓани на Лондон биле анализирани во рамките на истражувањето, кое покажало дека 54 проценти од нив ја користеле телефонската интернет врска да испраќаат пораки поврзани со работните места додека се пробивале низ лондонскиот јавен превоз.

Според инстражувањето, подобра мобилна интернет врска би помогнала патниците во јавниот превоз да користат и лаптоп компјутери додека патуваат. Според истражувањето, со подоброто поврзување на граѓаните на интернет се отвара прашањето дали е здраво да се извршуваат работни обврски и на пат кон работа, но промените не се толку драматични ако се има предвид дека голем број од граѓаните испраќаат деловни пораки и кога се дома, надвор од работното време.

Истражувачите сметаат дека прашањето кое се поставува е дали, доколку луѓето се работно ангажирани на пат кон работа, времето за патување треба да се брои во работното време. цч/ми/11:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...