• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Лавров: Сирија има право да ги истера „терористите“ од Идлиб

Лавров: Сирија има право да ги истера „терористите“ од Идлиб

Москва, 31 август 2018 (МИА) - Рускиот минисер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека сириската влада го има секое право да ги истера „терористите“ од енклавата Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.

Тој додаде дека во тек се разговори за воспоставување хуманитарен коридор. 

Лавров рече дека комуникацијата меѓу Русија и САД за Сирија се одвива во вистинско време и дека Русија нема планови да ги крие своите акции таму.

Лавров вчера го предупреди Западот, „да не си игра со оган“ во Идлиб. ир/зш/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.