Лавров: Невозможни се средби со Украина по убиството на Захарченко

Лавров: Невозможни се средби со Украина по убиството на Захарченко

Москва, 1 септември 2018 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека убиството на донетскиот сепаратистички водач Александар Захарченко е провокација од страна на Украина и ќе го поткопа мировниот договор од Минск, јави новинската агенција ТАСС.

- Во сегашната состојба, не може да стане збор за нов состанок во „нормандискиот формат“, што многумина од нашите европски партнери го посакуваа. Ова е сериозна состојба која мора добро да се разгледа, изјави Лавров, зборувајќи за средбите во формат Украина, Русија, Германија и Франција.

Захарченко, кој беше прогласен за претседател на Донетската народна република - една од двете источни области кои сакаат да се отцепат од Украина - беше убиен вчера од подметната бомба. Безбедносните служби на донетските сепаратисти ја обвинија Украина за атентатот, додека украинските безбедносни служби негираа вмешаност. цч/18:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.