• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Околу 200.000 луѓе присуствуваа на погребот на Захарченко

Околу 200.000 луѓе присуствуваа на погребот на Захарченко

Доњецк, 2 септември 2018 (МИА) - Околу 200.000 луѓе денеска присуствуваа на погребот на лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Александер Захарченко, кој беше убиен во петокот.

На комеморацијата, што се одржа во Театар, опера и балет на Доњецк,  присуствуваа и претставници од Русија, од Абхазија и од Северна Осетија. Потоа погребната поворка се движеше низ централните улици на Доњецк се до зградата на администрацијата.

Захарченко ќе биде погребан заедно со уште двајца негови соработници, кои исто така беа убиени при нападот врз ресторанот.

Лидерот на ДНР, Захарченко загина во петокот при експлозија во ресторан во Доњецк. Силите за безбедност на самопрогласената република приведоа неколкумина осомничени. Тие наводно потврдиле дека во атентатот вмешан е Киев, додека Украинската служба за безбедност ги демантираше таквите наводи. ми/16:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ