• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Иркутск исчезна хеликоптер од радарите

Во Иркутск исчезна хеликоптер од радарите

Москва, 2 септември 2018 (МИА) - Руски хеликоптер Ми-8 со екипа геолози денеска исчезна од радарите во Иркутск, соопшти регионалната воздухопловна агенција.

Руската федерална агенција за сообраќај соопшти дека во тек е потрага по хеликоптерот, а Канцеларијата на јавниот обвинител наведе дека е покрената истрага.

Хеликоптерот Ми-8, во сопственост на компанијата „Ангара ерлајнс“ полета во 11 часот по локално време од градот Уст-Кут и набрзо исчезнал од радарите.

Со леталото се превезувале три лица. ми/17:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.