• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Француски ученици од денеска во клупи без мобилни телефони

Француски ученици од денеска во клупи без мобилни телефони

Париз, 3 септември 2018 (МИА) – Француските ученици од денеска се враќаат во училишни клупи без мобилни телефони, откако владата пред еден месец усвои Закон за забрана за користење на мобилни телефони во сите основни училишта.

Забраната се однесува на употребата на мобилни телефони во текот на часовите, вклучувајќи ги и паузите, освен во случај на итна потреба или деца со попреченост.

Според новиот закон, учениците се обврзани да ги исклучат своите телефони или да ги остават во шкафче, а наставниците имаат обврска да одземат телефони до крајот на денот, во случај на непочитување на законот.

Средните училишта, исто така, можат, доколку сакаат, да ја применуваат таа мерка.

Министерот за образование, Жан-Мишел Бланке, рече дека новата мерка има за цел да им помогне на децата да се фокусираат на часовите, за подобро да се социјализираат и да ја намалат употребата на социјални мрежи.

На 30 јули, францускиот парламент дефинитивно ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во училиштата, и таа одлука официјално стапи во сила денеска, на првиот ден од новата учебна година. ир/зш/11:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...