Норвешката полиција истражува исчезнување на коосновач на Викиликс

Норвешката полиција истражува исчезнување на коосновач на Викиликс

Осло, 3 септември 2018 (МИА) - Норвешката полиција соопшти дека истражува исчезнување на коосновачот на Викиликс и соработник на Џулијан Асанж, Арен Кампхојс, кој последен пат бил виден во август во северна Норвешка.

- Почнавме истрага, рече портпаролот на полицијата додавајќи дека нема идеја каде може да се наоѓа Кампхојс, кој е холандски државјанин.

Викиликс во саботата на Твитер објави за „чудното исчезнување" на Кампхојс. Тој за последен пат бил виден како излегува од хотел во градот Будао во северна Норвешка на 20 август.

Според Викиликс, Кампхојс имал авионски билет за 22 август за лет од градот Тронхајм, што се наоѓа на повеќе од 700 километри од Будао. јт/зш/11:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ