Могерини повика на поголема улога на ЕУ во време на хаос во светот

Могерини повика на поголема улога на ЕУ во време на хаос во светот

Брисел, 3 септември 2018 (МИА) - Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини денеска изјави дека светот поминува низ хаотично време и оти европскиот блок мора поблиску да работи со меѓународните партнери, затоа што мултилатералниот систем е соочен со закани.

- Целиот свет поминува низ момент на хаос и прашање е дали тоа е моментално или е долгорочен тренд, рече Могерини во говор пред ЕУ амбасадорите во Брисел.

Таа предупреди дека „самата идеја за мултилатерализам се оспорува“.

Иако диркетно не го спомна претседателот на САД Доналд Трамп, Федерика Могерини ја подвлече важноста на нуклеарниот договор со Иран и договорот за климатските промени, кои Трамп ги отфрли.

- Ниту една голема сила не е вистински доволно голема во денешниот свет, оцени шефицата на дипломатијата на ЕУ. јт/13:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ