Нападнати германски туристи на Мајорка

Нападнати германски туристи на Мајорка

Мадрид, 3 септември 2018 (МИА) - Полицијата на шпанскиот остров Мајорка синоќа застрела маж, вооружен со нож, откако нападна двајца германски туристи во кафуле на плажа.

Според полицијата мажот нападнал и полесно повредил двајца туристи од Германија.

Според локалните медиуми напаѓачот е од Либија.

Полицијата почна истрага за случајот, но според првичните податоци не се работи за тероризам. ми/16:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.