• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Лондон: Гори основно училиште, испратени 80 пожарникари и 12 возила

Лондон: Гори основно училиште, испратени 80 пожарникари и 12 возила

Лондон, 4 септември 2018 (МИА) – Во основно училиште во Лондон изби пожар, и засега нема информации за повредени, јави Би-Би-Си.

Лондонската противпожарна служба соопшти дека 12 возила и 80 пожарникари се испратени во источниот дел од Лондон каде се наоѓа школото. Пожарот го зафатил училиштето Родинг во Дегенхам.

Околу половина од училишната зграда е запалена, а причината за пожарот се уште не е позната.

Учениците од основното училиште Родинг требаше да се вратат во клупите на 5 септември по летните одмори.ир/зш/08:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.