Гугл и Фејсбук да платат авторски права на новинските агенции

Гугл и Фејсбук да платат авторски права на новинските агенции

Берн, 4 септември 2018 (МИА) - Директори на 18 европски новински агенции, потпишаа иницијатива за промена на законите за авторски права, со цел Фејсбук и Гугл да се обврзат за плаќање на дел од приходите на новински агенции чија содржина сега се користи бесплатно.

На 12 септември, Европскиот парламент треба да гласа за ова барање, односно да го почитува правото на издавачот, вклучувајќи ги и новинските агенции, интернет пребарувачите да им платат за содржината што ја користат.

Според текстот на иницијативата, која беше формулирана од страна на Френс прес, насловена како „Иднината на слободниот печат е во рацете на членовите на ЕУ", се вели дека во ЕП во Стразбур за девет дена, ќе се гласа за Нацрт-закон кој ќе придонесе да се исправи нерамнотежата кога станува збор дека „интернет моќниците" практично крадат содржина од печатените медиуми и новинските агенции за да генерираат приходи од реклами.

Според европските новински агенции, Фејсбук и Гугл бесплатно користат огромна количина вести и прилози од печатените медиуми и агенциите, и на таа содржина привлекуваат повеќе реклами.

Тие добиваат толку многу од рекламирање  за да воспостават монопол, што генерира 80 проценти од приходите од реклами на интернет во 2017 година, со исклучок на Кина.

Според предложената измена на законот, тие ќе треба да делат еден дел од приходот со авторите на содржината. ир/зш/10:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...