• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Австриски пратеник предлага „запоседнување“ на Африка

Австриски пратеник предлага „запоседнување“ на Африка

Виена, 4 септември 2018 (МИА) -  Пратеник на владејачката Слободарска партија на Австрија (ФПО), Рајнхард Беш, предложи  да се „запоседне“ територијата на Африка, со цел спречување на нелегалната миграција во Европа.

Беш во интервју за „Ноје Форарлбергер Тагесцајтунг“ рече дека војската треба да ја окупира територијата на северниот дел на Африка каде што ќе бидат формирани центри за бегалци.

Според Беш кој од 1999 година е пратеник на ФПО, најважното во борбата против нелегалната миграција е заштита на надворешната граница на ЕУ.

- Доколку тоа не успее, легитимно е да се формираат центри во Либија или во другите северноафрикански земји, рече тој.

Таа идеја на Беш беше критикувана од претставникот на Зелените во Европскиот Парламент, Мишел Рејмон кој го обвини ФПО дека „ сонува за влегување на воено влегување на северниот дел на Африка“. ир/зш/11:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ