Анкета: Голем пад на популарноста на Макрон

Анкета: Голем пад на популарноста на Макрон

Париз, 4 септември 2018 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон бележи голем пад на популарноста од 10 процентни поени за еден месец, односно неговата работа како претседател ја одобруваат само 31 отсо од Французите, наспроти 41 процент во јули, покажа најново испитување на јавното мислење објавено денеска.

Во испитувањето, што го спровел ИФОП за неделникот „Париз Мач“ (Paris Match) и радиото Суд, премиерот Едвард Филип загубил три поени, со 35 отсто задоволни граѓани, наспроти претходните 38 проценти.

Само 32 отсто од Французите сметаат дека Макрон „води добра економска политика“, наспроти 68 проценти кои го мислат спротивното. Само 22 отсто мислат дека претседателот е „соживеан со преокупациите на Французите“. јт/11:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...